Необични тулумби од рерна – брзи и вкусни

Необични тулумби од рерна – брзи и вкусни

Брзо се прават, а се многу вкусни…

Состојки:

  • 800 гр шеќер
  • 900 мл вода
  • 100 гр масло
  • 300 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 5 јајца

Начин на подготовка:

  1. Шеќерот и 1/2 л вода ставете ги на оган да зоврие и добро изладете. 
  2. 400 мл вода и маслото ставете го тенџере на оган да зоврие, а откако ќе зоврие тргнете го од шпорет и додајте брашно измешано со прашок за пециво. Соединете ја масата и добро изладете. 
  3. Во масата додавајте едно по едно јајце и матете со миксер. Добиената смеса ставете ја во шприц, па истиснувајте по 7 см на ненамастен плех. 
  4. Печете ги тулумбите на 180 степени, 25 минути. Врелите тулумби прелијте ги со изладен сируп.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text