Брзи и неодоливи овошни мафини…
Состојки:
- 250 гр пченично брашно
- 100 гр овесни снегулки
- 1 лажица прашок за печиво
- прстофат сол
- 1 портокал (сок и кора)
- кора од 1 лимон
- 100 мл масло
- 4 лажици шеќер
- 100 гр темно чокоаладо
- 300 мл соино млеко
- неколку лажици џем за прелив
Начин на подготовка:
- Прво измешајте ги сите суви состојки освен шеќер. Потоа измешајте ги сите течни состојки и шеќер и мешајте додека шеќерот не се растопи. Во течните состојки додајте изрендана кора од лимон и портокал, измешајте, па соединете ги течните и сувите состојки.
- Чоколадото исечкајте го на парчиња, ставете го во смесата, сè уште еднаш добро измешајте и ставете во калап за мафини. Печете на 180 степени околу половина час. Кога малку ќе се изладат, премачкајте ги со неколку лажици џем од кајсии.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега