Свечена погача на која ќе бидете горди

Свечена погача на која ќе бидете горди

Подгответе вкусна и мека погача…

Состојки:

  • 600-700 гр брашно
  • 200 гр сирење
  • 20 гр квасец
  • малку масло
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл млеко
  • 2 јајца
  • малку сол
  • малку шеќер
  • 1/2 лажичка црвена пипер
  • семки
  • крупна сол
  • 50 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец во малку млако млеко, додајте шеќер, масло, брашно и сол и замесете средно тврдо тесто. 
  2. Оставете го тестото покриено да нарасне. Замесете го малку тестото, па поделете го на неколку топчиња, малку обработете ги со раце па секое топче развлечете го со големина на чинија, премачкајте со путер или маргарин и редете едно преку друго. 
  3. Последното не го премачкувајте. Сирењето разматете го малку со лажица па во него додајте црвена пипер. Развлечете го тестото во правоаголник и намачкајте го со сирење. Сечете на ленти со големина од 2 см, виткајте ги и редете ги во намастен кружен плех. 
  4. Намачкајте со жолчка и посипете со семки и крупна сол. Печете на 190 степени околу 40-45 минути убаво да порумени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text