Брзо и вкусно: Лосос со ориз

Брзо и вкусно: Лосос со ориз

Лосос со ориз е нашата препорака за вашиот следен ручек…

Состојки:

  • 250 гр ориз
  • 500 гр филети лосос
  • 1 лажица сечкан ѓумбир
  • 2 дл крем павлака
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 4 лажици сечкан магдонос
  • 2 лажици масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Оризот згответе го на средна температура додека не омекне, а во тава испржете филети лосос по неколку минути од двете страни па ставете ги во чинија. Во истата тава пропржете сечкан ѓумбир, кромид и лук, налијте крем павлака, посолете, загрејте до вриење, вратете ги филетите, поклопете ги гответе десетина минути. 
  2. На крај измешајте магдонос, тргнете од рингла и послужете преку варениот ориз кој сте го украсиле со пропржен кромид, со салата по желба.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text