Брзо јадење по работа: Вариво со колбаси

Брзо јадење по работа: Вариво со колбаси

Брзо јадење на брзина во вашата кујна, со зеленчук и колбаси.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 100 мл. масло
  • 1 лажица вегета
  • 1 кг. компир
  • 200-300 гр. брокула
  • 300 гр. колбаси
  • бибер и магдонос
  • 1 лажица брашно

Подготовка:

  1. Се сече кромидот и се пржи на масло и 200 милилитри вода, па кога водата ќе испари уште кратко се пропржува и се додава компирот сечен на коцки.
  2. Се става вегета, се вари 15 минути и се става исечениот колбас и брокулата исцепкана на цветови.
  3. Се вари 15 минути.
  4. Се мати брашно со пола чаша вода и се додава.
  5. Се става бибер и магдонос и сол по вкус и се вари уште кратко да омекне се.