Евтина торта со две јајца – идеална за секоја пригода

Евтина торта со две јајца – идеална за секоја пригода

Направете вкусна и брза торта со само две јајца.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици млеко
  • 13 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажици какао

Фил:

  • 800 мл. млеко
  • 1 маргарин
  • 15 лажици шеќер
  • 200 гр. чоколадо
  • 200 гр. мелени ореви
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Се мешаат состојките за пандишпан, се соединуваат и се ставаат на плех со хартија, па се печат 20 минути на 200 степени.
  2. Се сечат две кори.
  3. Кога ќе се оладат се сечат уште еднаш, да добиете 4 кори.
  4. Се става сечен маргарин во млекото, шеќер и чоколадо, ванилин шеќер и се заедно се остава да врие, па се трга од оган.
  5. Се ставаат во калап премачкан со маргарин кора и фил, кора и фил.
  6. Се декорира по желба и се става во ладилник.

 

Уживајте!