Ручек или предјадење: Салата со макарони готова за 15 минути

Ручек или предјадење: Салата со макарони готова за 15 минути

Во смесата можете да додадете уште нешто по сопствен вкус, на пример чајна салама, чаден врат или печеница.

Состојки:

  • 300 гр макарони
  • сол по вкус
  • 180 гр кисела павлака Пекабела
  • 100 гр крем сирење
  • 2 кисели краставички
  • 150 гр ситно сечкана шунка Пекабеско
  • 2 варени јајца
  • 150 гр ситно рендан кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Макароните згответе ги во посолена врела вода, процедете ги и оставете ги да се изладат. Јајцата обварете ги, излупете ги и изрендајте ги.
  2. Изладените макарони посолете ги, додајте рендани варени јајца, кисела павлака и крем сирење. Потоа измешајте ситно сечкани кисели краставички, ситно сечкана шунка и 100 гр ситно рендан кашавал. Сè измешајте како би соединиле состојките.
  3. Смесата префрлете ја во сад, рамномерно распоредете, посипете со рендан кашкавал (50 гр). Добро изладете и послужете.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*