Габриела колач: Десерт во кој ќе уживате (Видео)

Габриела колач: Десерт во кој ќе уживате (Видео)

Ќе уживате во секој залак…

Состојки за кори:

  • 5 белки
  • 250 гр шеќер
  • 100 гр мелени ореви
  • 1 лажица презла

Состојки

  • 5 жолчки
  • 150 гр шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 250 мл млеко
  • 1 лажичка ванила
  • 250 гр путер или маргарин

Начин на подготовка:

  1. Пенасто разматете белки, додајте шеќер и на крај ореви и презла кои ќе ги измешате лесно со жица. Во плех ставете хартија за печење па на неа распоредете ја смесата. Печете на 180 степени околу 40 минути. 
  2. За кремот, пенасто разматете жолчки со шеќер па додајте ванила, брашно и млеко и ставете да се готви додека не згусне. Во изладениот крем додајте путер. 
  3. Кората пресечете ја на два дела па еден ставете во плех. Премачкајте со крем, поклопете со друга кора и добро изладете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Ризница тајни“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text