Највкусниот појадок во евтина варијанта: Панцероти со богат пица фил

Највкусниот појадок во евтина варијанта: Панцероти со богат пица фил

Панцеротите на многумина се омилен појадок или вечера.Направете ги највкусните.

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 200 мл. јогурт
  • 1 јајце
  • 1 квасец
  • 1 лажиче сол
  • 50 мл. масло
  • кечап, шунка, кашкавал и оригано

Подготовка:

  1. Се става брашно во длабок сад и се става квасецот со сол, се додава јајце и масло и се додава јогуртот со мешање.
  2. Се меси тесто кое не треба да лепи, па се става уште малку брашно ако е ретко.
  3. Се остава да стои додека ги средите намирниците за фил.
  4. Се сечат шунката и кашкавалот, или се рендаат.
  5. Тестото се премесува и се дели на еднакви топчиња, а секое се развлекува, се става кечап, оригано, шунка и кашкавал, а можете и да додадете намирници по желба, па се поклопува панцеротата.
  6. Убаво се затвараат и се пржат на врело масло.