Вкусен рецепт за крцкави компири…
Состојки:
- 1/2 кг компири
- 2 лажици павлака или мајонез
- црвен а пипер
- лута пипер
- сусам
- бибер
- зачин
- сол
- 1 белка
- масло
- малку презла
- 50 гр солени переци мелени на крупно
Начин на подготовка:
- Компирите исчистете ги, измијте ги, па исечкајте ги на коцки.
- Додајте белка, павлака, масло, зачин и сол, бибер, пипер, презла и переци и сè добро измешајте и распоредете во намастен плех. Печете на 250 степени околу 30-35 минути убаво да поруменат.
- Послужете како прилог или како грицки.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи