Веќе нема да купите коцки супа: Направете ги дома, излегуваат многу од евтина смеса

Веќе нема да купите коцки супа: Направете ги дома, излегуваат многу од евтина смеса

Веќе не мора да купувате коцки за супа или готова супа, направете ги дома самите.

Состојки:

  • 1 морков
  • 1 компир
  • 1 тиквичка
  • 100 гр. сол
  • малку магдонос
  • 1 лажица масло
  • 1 кромид

 

Подготовка:

  1. Сите овие состојки ситно исечете ги и издинстајте ги на тава која не се лепи, и нека се динста додека не испари водата.
  2. Се додава сол и масло и се меша за да не загори, а потоа смесата се става во блендер.
  3. Пак се враќа смесата од блендер на тава да се загрее, а кога ќе стане густа, се трга.
  4. Се става на хартија за печење и се обликуваат коцки.
  5. Се ладат 12 часа и спремни се за супа.
  6. Од оваа количина се добиваат 9 коцки супа.