Кифлички од неколку состојки – брз појадок од евтина смеса

Кифлички од неколку состојки – брз појадок од евтина смеса

Направете совршени кифлички од само неколку состојки дома.

Состојки:

  • 100 мл. масло
  • 1 кисела павлака
  • 1 квасец
  • 200 мл. млеко
  • 600 гр. брашно
  • 1 лажиче сол

Подготовка:

  1. Се замесува тесто од сите состојки, откако претходно ќе се остави квасецот во млако млеко.
  2. Се размесува тестото, се вадат триаголници и се мотаат кифлички.
  3. Додека се загрева рерната на 180 степени тие се одмараат на плех со хартија, па се премачкуваат со јајце.
  4. Се става сусам по вкус и се печат додека не поруменат.

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*