Босански специјалитет – деликатес за ручек

Босански специјалитет – деликатес за ручек

Направете вкусно јадење со зелка. Босански специјалитет.

Состојки:

  • 1,5 кг. зелка
  • 500 гр. јунешко месо
  • 500 гр. јагнешко месо
  • 250 мл. кисело млеко
  • масло, сол, бибер и црвен пипер

Подготовка:

  1. Се чисти и сече зелката.
  2. Се сече месото на покрупни парчиња, па се реди во тенџере наизменичко зелка, месо, зелка месо…
  3. Се ставаат сите зачини и малку масло и вода до половина.
  4. Се става на оган и се крчка половина час, па потоа на потивок оган се вари неколку часа, додека не биде месото омекнато целосно.
  5. Се загрева малку масло на крај со црвен пипер и се додава кисело млеко, па се прелива се горе.
  6. Се служи.