Видео рецепт за царицата на тортите: Бајадера торта по евтин рецепт

Видео рецепт за царицата на тортите: Бајадера торта по евтин рецепт

Направете бајадера торта, брзо се прави, побрзо се јаде.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 5 лажици ореви
  • 3 лажици брашно
  • 100 гр. чоколадо
  • 3 пудинзи од ванила
  • 200 гр. маргарин
  • 300 гр. шчаг
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 750 мл. млеко
  • 200 гр. шеќер

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со шеќер и се ставаат и ореви и брашно,, па се става смесата во плех со хартија, и се пече 20 минути на 200 степени.
  2. Се дели на два дела кората, па се вари млекото со пудинг со постојано мешање.
  3. Се мати маргаринот со шеќер во прав и се додава во пудингот, па се дели на два дела.
  4. Се става чоколадото во едниот дел.
  5. Се зема кора и се премачкува со светлиот фил, се става втора кора па темен фил, па кора со светол, па пак кора и темен фил.
  6. Се украсува со шлаг.

Уживајте!

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*