Богатство на бои: Салата со макарони (Видео рецепт)

Богатство на бои: Салата со макарони (Видео рецепт)

Направете салата со тестенини на италијански начин.
Се комбинираат фини медитерански вкусови, и има богатство на бои.
Ова е количина за 4 лица.

Состојки:

  • 500 гр. тестенини
  • 16 шери домати
  • 4 листа босилек
  • 1 лажиче оригано
  • сол и бибер
  • 150 гр. моцарела
  • 100 гр. црни маслинки
  • 1 лимон и маслиново масло

Подготовка:

  1. Се варат тестенините во солена вода, се додава маслиново масло и може да се стави и чешне лук.
  2. Се цедат, мијат со ладна вода кога се готови и се ставаат во сад.
  3. Се става врз нив маслиново масло, исечена моцарела, исчистени црни маслинки, па преполовени шери домати.
  4. Се става сол и бибер, оригано, лимонов сок и босилек за декорација.