Брза пита со праз

Брза пита со праз

Пита која брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде…

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 3 струка праз
  • 200 гр сирење
  • 2 јајца
  • 150 мл кисела вода
  • 6 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го празот на парчиња со средна големина, а во посебен сад издробете го сирењето. 
  2. Во плех, намастен со масло, ставете две кори, од горе ставете праз, повторно две кори, па сирење и праз. Така додека не ги потрошите корите. 
  3. Исечете ја питата на квадрати. Пропржете масло и со лажица ставајте по засечените делови. 
  4. Во сад разматете јајца, ставете кисела вода и измешајте. Прелијте ја питата и оставете да отстои 30 минути. Печете во загреана рерна додека не добие златна боја.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт