Одличен индонезиски рецепт: Ориз со пилешко, соја сос и печурки (Видео)

Одличен индонезиски рецепт: Ориз со пилешко, соја сос и печурки (Видео)

Одличен индонезиски рецепт за ориз со пилешко месо, соја сос и печурки.

Состојки:

  • 300 гр ориз
  • 300 гр пилешко бело месо
  • 100 гр праз
  • 2 домати
  • 2 лути пиперчиња
  • 3 чешниња лук
  • 2-3 шампињони
  • 200 гр путер
  • 2-3 лажици соја сос
  • 1 лажичка сол
  • 2-3 јајца

Начин на подготовка:

  1. Оризот обварете го и потоа ставете го да се исуши готвејќи го десетина минути на пареа. 
  2. Измиксајте пиперчиња, домати, лук и кромид. Загрејте путер, ставете ја измиксаната смеса па крчкајте пет минути. 
  3. Додајте исечкано пилешко и крчкајте околу десет минути. Потоа додајте исечкани печурки и праз и заедно динстајте пет минути. Додајте две јајца, измешајте и на крај измешајте со ориз и соја сос. Ви останува уште само неколку минути оризот со сите состојки да се запржи и можете да го послужите јадењето.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо