Виенски гулаш

Виенски гулаш

Вкусно јадење кое ќе го обожавате!

Состојки:

  • 2 кг јунешка потколеница
  • 300 гр кромид
  • 200 гр морков
  • 100 гр целер
  • 50 гр мелена црвена пиперка
  • 2 лажици доматен концентрат
  • 1/2 л црно вино
  • 30 гр мелен ким
  • рендана кора од 1 лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го и динстајте го на маст. Во посебен сад пропржете коцки месо и тоа на четири пати по 500 гр. 
  2. На динстаниот кромид додајте исечкани и изрендани моркови и целер. Кога зеленчукот ќе се издинста, додајте мелена пиперка и доматен концентрат, а потоа долијте вино. Додајте пропржено месо и ким. Кога ќе се зготви, намалете го огнот и гответе со мешање околу 2,5 часа, по потреба додајте околу 0,5 л вода, зависно од тоа колку сакате гулашот да биде густ. 
  3. Пред крајот од готвењето додајте кора од лимон, сол и бибер. Послужете со широки резанки, компир пире или ориз.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text