Ролни со млеко во прав меки како пена

Ролни со млеко во прав меки како пена

Меки како пена, ќе уживате во секој залак!

Состојки:

  • 500-600 гр брашно
  • 300 мл млака вода
  • 50 гр млеко во прав
  • 150 гр тврдо сирење
  • 3 лажици мелени ореви
  • 50 гр маргарин
  • 1 јајце + 1 жолчка
  • 15 гр свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • семки за посипување
  • крупна сол
  • ким

Начин на подготовка:

  1. Ставете млака вода во млекото во прав, додајте шеќер, јајце и квасец и сè добро разматете со жица. 
  2. Додавајте брашно и сол и добро обработете да добиете меко глатко тесто. 
  3. Покријте го со фолија и крпа да одмори околу 30 минути двојно да се зголеми. Ставете на побрашнета маса и развлечете на околу половина см. 
  4. Исечете на правоаголници и полнете ги со сирење или ореви, свиткајте и редете ги во намастен плех. Покријте и оставете ги малку да надојдат. 
  5. Премачкајте ги со жолка и посипете ги со семки и крупна сол и ким. Печете на 190 степени околу 25 минути убаво да поруменат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*