Пица ролнички со чварки

Пица ролнички со чварки

Брзи пица ролнички со чварки – неодоливи…

Состојки:

  • 200 мл млеко
  • 350-400 гр брашно
  • малку квасец
  • 200 гр шунка
  • кечап
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 150 гр сирење
  • малку ситни чварки
  • малку кашкавал
  • 200 гр сува сланина

Начин на подготовка:

  1. Во млако млеко растворете 10 гр квасец, додајте шеќер, брашно и замесете помеко глатко тесто. 
  2. Оставете во вангла двојно да се зголеми покриено, па развлечете го на помалку од половина см. 
  3. Прво обилно нанесете кечап и листови шунка. Од горе додајте сирење и кашкавал и малку оригано. Свиткајте во ролна. 
  4. На маса наредете еден до друг листови сланина па од горе ставете ја ролната пица и обвиткајте ја со сланината. 
  5. Ставете во намастен плех и покријте да отстои 10 минути па печете во загреана рерна околу 25 минути на 200 степени. 
  6. Пресечете и уживајте во фантастичниот вкус.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*