Брз ручек: Тестенини за 15 минути

Брз ручек: Тестенини за 15 минути

Вкусен и брз ручек од тестенини…

Состојки:

  • 400 гр тестенини
  • 3 чешниња лук
  • 1 домат
  • 5 сушени домати во масло
  • тврдо сирење (пармезан или козјо сирење)
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во тава загрејте маслиново масло. Во поголем сад загрејте вода до вриење. Не посолувајте веднаш, бидејќи ќе треба повеќе време да зоврие. Ставете ги тестенините и посолете ја водата. 
  2. На маслиново масло пропржете ситно сечкан лук, домат исечкан на коцки и ситно сечкан сушен домат. Посолете и побиберете по вкус, и долијте малку вода за фино да крчка додека тестенините не бидат готови. 
  3. Исцедените тестенини измешајте ги со сос. Сервирајте посипено со рендано тврдо сирење, и по желба украсете со рукола.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text