Најевтина бајадера – без миксер, без печење готова за 20 минути

Најевтина бајадера – без миксер, без печење готова за 20 минути

Вкусно чоколадно уживање и вистинска магија во кујната.

Не ви треба ни миксер, лесно и брзо.

Состојки:

  • 9 лажици вода
  • 200 гр. шеќер
  • 150 гр. мелени ореви
  • 250 гр. мелени бисквити
  • 170 гр. маргарин
  • 100 гр. чоколадо
  • малку рум
  • 100 гр. чоколадо за глазура
  • масло

Подготовка:

  1. Се ставаат вода и шеќер во лонец и се загреваат додека не се стопи шеќерот.
  2. Се додава маргарин и се трга од оган, мешајќи да се стопи.
  3. Се додаваат ореви со бисквити па се меша.
  4. Се дели на два дела смесата и во едниот се става истопено чоколадо, а другиот се остава само со рум во него.
  5. Се става фолија на работната маса, па се става светлиот дел, па темниот од смесата.
  6. Се топи чоколадото за глазура со масло и се става горе.
  7. Се стега, сече и служи.

singlepost_text