Направете вкусни макарони со шампињони.
Состојки:
- 400 гр. макарони
- 40 мл. маслиново масло
- 300 гр. печурки
- 1 лажица вегета
- 600 мл. млеко
- 30 гр. брашно
- 1 лажица сенф
- 170 гр. кашкавал
- 25 гр. пармезан
Подготовка:
- Се варат тестенините во солена вода и се цедат.
- Се пржат на масло шампињоните, па се става брашно и се меша.
- Се става млеко и се вари се пет минути.
- Се додава сенф, вегета, сол и бибер по желба, кашкавал и се вари уште минута до две.
- Се ставаат тестенините во огноотпорен сад, се става сосот и се става пармезан па се запекуваат кратко на 200 степени.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути