Шарени лебни топчиња

Шарени лебни топчиња

Вкусни шарени лебни топчиња – ќе ги обожавате!

Состојки:

  • 600 гр стар леб
  • 100 гр сушена сланина Пекабеско
  • 200 мл млеко
  • 12 јајца
  • малку презла
  • 2 лажички сечкан магдонос
  • 1 главица кромид
  • сол
  • бибер
  • зачин

Начин на подготовка:

  1. Сланината и кромидот исечкајте ги на ситни коцки, пропржете ги на малку маст или масло. Пропржениот леб посебно прелијте го со млеко и оставете да отстои. Кога лебот ќе го впие млекото соединете со сланина и кромид. Посолете, побиберете, додајте малку зачин и презла, како и јајце и магдонос. 
  2. Сè добро измешајте со раце, па ако масата е премногу ретка додајте уште презла. Масата оставете ја да отстои околу 30 минути. Потоа со влажни раце обликувајте топчиња и гответе 10-15 минути во солена врела вода. Кнедлите послужете ги самостално или како прилог со печење или гулаш.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text