Колач со сирење: Шарен десерт во кој ќе уживате

Колач со сирење: Шарен десерт во кој ќе уживате

Пробајте го, нема да се разочарате!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 120 гр брашно
  • 50 мл масло
  • 50 мл кисела вода
  • 1,5 лажица какао
  • 1/2 прашок за печиво
  • 300 гр несолено сирење
  • 50 гр шеќер
  • 1 јајце
  • 1 лажица скробно брашно
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со 3 лажици шеќер па додајте просеано брашно, какао и прашок за печиво. Додајте масло и кисела вода. Сè добро измешајте и ставете во намастен плех.
  2. Сирењето добро изгмечете го, додајте јајце и лажица скробно пченкарно брашно. Додајте шеќер и ванилин шеќер. Сè добро измешајте.
  3. Ставете ја смесата во пластична кеса и направете дупка. Со светлото тесто нашарајте по темното тесто правејќи коцки.
  4. Печете на 200 степени околу 30 минути.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text