Панцероти со богат фил – брз појадок

Панцероти со богат фил – брз појадок

Направете панцероти со богат фил.

Состојки:

  • 1 дл. јогурт
  • 0,5 дл. масло
  • 2 лажици сирење
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажиче сол
  • 1 кесе прашок за пециво
  • брашно по потреба
  • фил по желба (кечап, кашкавал, салама)

Подготовка:

  1. Се замесува тесто и се додава брашно колку да не се лепи на рацете.
  2. Се остава 15 минути да нарасне.
  3. Се загрева и рерната на 200 степени, а за фил се сечат или рендаат сите состојки кои ќе си ги одберете.
  4. Се става тестото на работна маса и се премесува, се вадат кругови.
  5. Се премачкуваат со кечап и се става оригано и фил, па се преклопуваат и се притискаат со виљушка да се спојат.
  6. Се редат во плех и се премачкуваат со јајце, па се печат на 200 степени додека не поруменат.

 

singlepost_text