Тесто од кеса: Универзална смеса за крофни, мекици, погача

Тесто од кеса: Универзална смеса за крофни, мекици, погача

Едно тесто за сè… Уверете се колку е вкусно и меко, а може да стои во фрижидер и до недела дена.

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички шеќер
  • 250 дл млеко
  • 1 пакување свеж квасец (50 гр)
  • 2 чаши јогурт
  • 3 јајца
  • 2 мали шолји масло

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки добро соединете ги во еден поголем сад. Замесете меко тесто. 
  2. Намачкајте кеса со масло од внатрешната страна и ставете го тестото внатре. Кесата ставете ја во длабок сад, поклопете и ставете во фрижидер да стои најмалку 7 часа пред употреба. 
  3. Од вака замесеното тесто можете да правите речиси сè, слатки и солени печива. Крофни, мекици, панцероти…

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт