Деликатес кој брзо се прави: Јајца со бешамел и кашкавал – идеално по работниот ден

Деликатес кој брзо се прави: Јајца со бешамел и кашкавал – идеално по работниот ден

Направете јајца со бешамел, нешто посебно вкусно.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 50 гр. маргарин
  • 2 лажици брашно
  • 2 шолји млако млеко
  • 100 гр. сирење

Подготовка:

  1. Се загрева маргарин на тава и се става брашно, па се додава млеко со мешање.
  2. Се става и малку сол.
  3. Се става пола од бешамелот во огноотпорен сад, се кршат јајцата над него и се става сол, па другата половина бешамел.
  4. Се става изрендан кашкавал и се пече на 200 степени додека не добие убава кора.
  5. Се служи топло.