Компир со сирење: Едноставно и вкусно јадење

Компир со сирење: Едноставно и вкусно јадење

Едноставно и вкусно јадење…

Состојки:

  • 6 поголеми компири излупени и исечкани на тенки кругови
  • 3 лажици путер
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 шолја млеко
  • 2 шолји изрендано тврдо сирење
  • ситно сечкани листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. Во поголема тава која не се лепи пропржете го компирот на путер додека не стане крцкав и не добие румена боја. 
  2. Зачинете со сол и бибер, ставете преку млеко, поклопете и гответе додека млекото не се впие. 
  3. Посипете преку рендано сирење и мешајте додека не се растопи. Украсете со магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text