Какао, ореви и крем – совршен колач

Какао, ореви и крем – совршен колач

Направете десет со ореви и какао.

Состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 300 гр. шеќер
  • 100 гр. маргарин
  • 4 јајца
  • 2,5 дл. млеко
  • 50 гр. какао
  • 1 прашок за пециво

Крем:

  • 100 гр. шеќер во прав
  • 4 жолчки
  • 200 гр. маргарин
  • 50 гр. чоколадо
  • 1 дл. вода
  • 2 лажици инстант кафе

Подготовка:

  1. Се матат пенасто јајцата со шеќер и се става млеко, растопен маргарин и брашно измешано со прашокот за пециво и какао.
  2. Се пече бисквит на 180 степени и се лади.
  3. Се вари сируп од водата со шеќер и се матат жолчките, па се става шербетот во нив.Се додава омекнат маргарин и се става кафе и рендано чоколадо.
  4. Се премачкува колачот.
  5. Декорирајте по избор горе со ореви, лешници, бадеми…

singlepost_text