Десерт на денот: Тече крем и карамел

Десерт на денот: Тече крем и карамел

Направете посебен десерт со крем и карамел кој се топи и тече.

Состојки:

  • 1 л. млеко
  • 6-7 јајца
  • 250 гр. шеќер
  • 2 кеси ванила
  • 100 гр. шеќер за карамел

Подготовка:

  1. Шеќерот за карамел се става на тава и се става една лажица вода.
  2. Се меша да се направи карамел и се внимава да не загори.
  3. Се става малку карамел на дното на шолји.
  4. Се матат јајцата со загреано млеко со шеќер, се процедува  смесата, се додава ванила и се става смесата во шолји врз карамелот.
  5. Се редат шолјите во длабок плех и се става вода малку над средината, па се оставаат во рерна еден час.
  6. Се сервира со крем горе.

singlepost_text