Повкусно од крофни и палачинки: Тесто од кое тече Нутела

Повкусно од крофни и палачинки: Тесто од кое тече Нутела

Тесто од кое тече чоколадо, нешто брзо, вкусно и едноставно совршено за сите.

Состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 13 гр. квасец
  • 140 мл. млеко
  • 1 јајца
  • 4 лажици маст
  • 70 гр. шеќер
  • 200 гр. нутела
  • мед за горе

Подготовка:

  1. Се загрева млекото со една супена лажица шеќер и малку брашно и квасец.
  2. Се остава да нарасне 7-8 минути.
  3. Се сее брашното, се прави вдлабнатина и се става квасецот со изматеното јајце со шеќер.
  4. Се става и растопената маст.
  5. Се меси тесто, па се додава брашно ако е потребно, но не претерувајте тестото треба да е меко.
  6. Нека нарасне еден час, па развлечете го и исечете кругови, ставете нутела и затворете ги добро. Може да ги затворите и како кифли и како полжавчиња и кругови по избор.
  7. Се пржат на загреано масло од двете страни.
  8. Може да ги премачкате со мед горе.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text