Брзи и вкусни лепињи со спанаќ

Брзи и вкусни лепињи со спанаќ

Направете вкусни лепињи со спанаќ.

Состојки:

  • 1 кг. брашно
  • 1 коцка квасец
  • малку млеко
  • 2 јајца
  • сол

Фил:

  • ½ кг. спанаќ
  • масло
  • брашно
  • ½ шолји млеко
  • 1-2 чешни лук
  • 1 јајце

Подготовка:

  1. Се мие убаво спанаќот и се обарува во солена вода.
  2. Се цеди и ситно се сече.
  3. Се прави запршка со брашно и лук, спанаќот, па млеко и се остава да врие малку.
  4. Треба да е густа, на крај се става јајце.
  5. Се меси тесто од брашно со квасец и млеко, 2 јајца и малку сол.
  6. Треба да е како за крофни.
  7. Се остана да нарасне, се развлекува и се вадат кругови, се става фил и се преклопува со друг круг.
  8. Убаво се затвораат и се пржат на масло.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

 

 

 

 

singlepost_text