Сочно говедско месо во црвено вино

Сочно говедско месо во црвено вино

Љубителите на месо ќе уживаат во сочните парчиња вкусно говедско месо во црвено вино.

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 200 гр јунешки шницли
  • 1 мала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • прстофат оригано
  • 1 чаша црвено вино
  • 200 гр сечкан домат

Начин на подготовка:

  1. Загрејте маслиново масло на тава. Пропржете ги шницлите околу 2 минути, додека не добијат убава боја од двете страни. Извадете ги шницлите од тава, а потоа во тавата ставете сечкан кромид, ситно сечкан лук и оригано. Пржете околу 5 минути. 
  2. Во пропржениот кромид додајте домат и вино и оставете да се крчка десетина минути. За тоа време исечкајте ги шницлите на коцки, па додајте ги во тавата и добро измешајте. Кога ќе ги ставите коцките месо, оставете да се крчка. По желба, послужете со тестенини или пржени компирчиња.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text