Бели чоколадни топчиња – брз и неодолив десерт

Бели чоколадни топчиња – брз и неодолив десерт

Сакате ситни колачиња? Тогаш сигурно нема да можете да им одолеете на овие топчиња со бело чоколадо.

Состојки:

  • 1 шолја зготвено кафе
  • 250 гр мелени бисквити
  • 250 гр кокос
  • 250 гр шеќер
  • 200 гр бело чоколадо
  • 100 гр црно чоколадо
  • 5 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки замесете ги со шолја зготвено јако црно кафе. 
  2. Тестото добро замесете го. Направете топчиња па оставете ги еден ден да се исушат и дури потоа потопете ги во растопено бело чоколадо. Оставете ги во фрижидер да се разладат. 
  3. Црното чоколадо растопете го на пареа со 5 лажици масло. Разладете ја масата, па прошарајте ги топчињата со растопеното црно чоколадо.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text