Тарт од палента, сувомеснато и брокула

Тарт од палента, сувомеснато и брокула

Брзо и вкусно јадење…

Состојки:

  • 1 л бујон од зеленчук
  • 200 гр инстант палента
  • 50 гр рендан пармезан
  • 150 гр брокула
  • 200 гр рендана моцарела
  • 100 гр сушени домати
  • 1 чешне лук
  • 4 тенки парчиња сувомеснато

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Во поголем сад згответе палента во бујон (според упатството на кесичката). На крајот од готвењето измешајте 1 лажица пармезан. Распоредете палента на плех обложен со хартија за печење. Палентата нека биде дебела 2,5 – 3 см. 
  2. Во врела, солена вода гответе ја брокулата 2 минути, исцедете, па измијте ја под студена вода. 
  3. По палентата посипете моцарела и останатиот пармезан, а потоа сечкани домати, лук, брокула и парчиња сувомеснато. Печете 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text