Сите знаеме дека баклавата е една, но има и посна и вкусна варијанта.
Состојки:
- 500 гр. готови кори
- 500 гр. ореви
- 500 гр. шеќер
- 250 гр. посен маргарин
- 200 мл. вода
- + 500 мл. вода
Подготовка:
- Се вари први шербет со 400 грама шеќер и 500 милилитри вода.
- Се остава да зоврие, опционо може да ставите и лимон.
- Се загрева рерната на 150 степени и во сад се мешаат мелените ореви со 100 грама шеќер, па се делат корите на три дела.
- Се топи маргаринот.
- Се премачкува тепсија со маргарин и се става првата кора, се прска со маргарин и вода.
- Се прави така со сите кори, но на последната не се става, се ставаат ореви. Истото се повторува со останатите два дела од корите.
- Ако ви остане маргарин истурете го врз корите горе.
- Се сече баклавата и се пече не повеќе од еден час.
- Се става потоа сирупот.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути