Топли, мирисаат и крцкаат – вкусни печени лепчиња

Топли, мирисаат и крцкаат – вкусни печени лепчиња

Направете вкусни топли лепчиња.

Состојки:

  • 1 стар леб
  • 1 јајце
  • 150 гр. шунка
  • 100 гр. кашкавал
  • 1 шолја мала јогурт
  • 2 лажици павлака
  • 1 лажиче вегета
  • малку сол и оригано
  • млеко за лебот

Подготовка:

  1. Се загрева рерната на 200 степени, лебот се сече на парчиња.
  2. Се мешаат сите состојки освен млекото.
  3. Се намастува плех, се ставаат кришките леб со едната страна во млекото да се намократ, па се става таа страна доле во плехот, се мачкаат лепчињата горе со филот.
  4. Се печат на 200 степени додека не станат жолти, околу 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

singlepost_text