Направете вкусна американска салата.
Состојки:
- 300 гр. сланина
- 2 компири
- 200 гр. домати
- 200 гр. краставици
- 1 павлака
- 3 лажици мајонез
- зачини
Подготовка:
- Се сече и се пропржува на масло сланината, па се цеди од маст и се става на салфета да впие.
- Се варат компирите, се цедат и лупат, се ситнат.
- Се сечат и доматите и излупената краставица.
- Се ставаат сите состојки во сад и се ставаат зачини, павлака и мајонез и се меша.
- Се лади и служи.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути