Крцкави стапчиња од палента

Крцкави стапчиња од палента

Вкусни и крцкави стапчиња од палента…

Состојки:

  • 250 гр готова палента
  • 100 гр сувомеснато
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 40 гр пармезан
  • малку бибер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Прво подгответе палента и излејте ја во помал плех и оставете да се излади и да стегне. „Блок“ палентата исечкајте ја на 18 стапчиња, а сувомеснатото во 18 ленти. 
  2. Во поголем сад ставете масло и измешајте со бибер. Во садот ставете ги стапчињата паента и внимателно измешајте. Намастете го секое стапче па свиткајте го со лента сувомеснато и ставете во плех за печење и посипете со пармезан. 
  3. Печете 15 минути, свртете ги стапчињата и печете уште 15 минути. По желба послужете со кечап, сирење или павлака.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт