Памук кифли: Меки како душа

Памук кифли: Меки како душа

Меки како душа, свежи и меки и наредниот ден.

Состојки:

  • 900 гр брашно тип 500
  • 1 кесичка сув квасец
  • 2 јајца
  • 400 мл топло млеко
  • 180 мл масло
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Во една вангла додајте топло млеко, а потоа масло, две белки, една лажица шеќер и една кесичка сув квасец па измешајте. Постепено додајте еден дел од брашното и лажичка сол па месете со додавање на остатокот од брашното. 
  2. На побрашнета работна подлога замесете тесто со додавање брашно по потреба. Ставете го намастеното тесто во намастена вангла, поклопете со најлон и оставете на топло да нарасне. Најдобро би било тестото да го оставите околу час и половина. 
  3. Тестото потоа префрлете го на побрашнета подлога и исечете на ситни делови. Со сукало развлечете четвртаст облик па филувајте со омилениот фил. 
  4. Со помош на нож направете прорези па замотајте кифли.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text