Мисиркино месо со ориз и зеленчук

Мисиркино месо со ориз и зеленчук

Подгответе вкусен ручек од мисиркино месо со ориз и зеленчук.

Состојки:

  • 1 кг мисиркино месо
  • 2 тиквици
  • 300 гр шампињони
  • 500 гр домати од конзерва
  • 250 гр ориз
  • 5 дл пилешка супа
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • неколку гранчиња темјан
  • малку магдонос
  • сол
  • ловоров лист
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На масло кратко пропржете го месото од двете страни, па додајте исечкани тиквици, шампињони, главица сечкан кромид и ловоров лист. Динстајте кратко, а потоа измешајте домати и лук. Зачинете, поклопете и нека крчка половина час, додека месото не омекне. Додајте темјан и магдонос. 
  2. Оризот измешајте го со останатиот кромид, прелијте со супа и нека крчка на умерена температура околу половина час. Соединете го оризот и зеленчукот.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*