Мини турски погачи – појадок кој сите ќе ги намами на маса

Мини турски погачи – појадок кој сите ќе ги намами на маса

Направете вкусни турски погачи за појадок.

Состојки:

  • 250 мл. млеко
  • 25 гр. квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 125 гр. растопен маргарин
  • 250 мл. масло
  • 2 јајца
  • 600 гр. брашно
  • 150 гр. сирење
  • 2 лажици сусам

Подготовка:

  1. Се става во сад загреано млеко со шеќер и квасец и две лажици брашно, се меша и се остава да се активира 10 минути.
  2. Се ставаат потоа едно цело јајце и една белка, па се меша, се топи маргаринот и се меша со масло, па се додаваат и тие.
  3. Се додава и брашното и се добива меко тесто.
  4. Се дели на 30 топки и се натапкува секоја на рака, се става малку сирење и се затвора.
  5. Се ставаат во тепсија со хартија и се остава простор меѓу нив. Може да ви треба и друга тепсија.
  6. Се премачкуваат со жолчката која остана измешана со две лажици вода и се става сусам
  7. Се печат 15 минути на 190 степени.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб