Ова е тајната за најсочното пилешко на скара (Видео рецепт)

Ова е тајната за најсочното пилешко на скара (Видео рецепт)

Месото на скара го сакаат сите, тука нема грешка. Ако го подготвите на овој начин ќе бидете посебно воодушевени.

Состојки:

  • 1,5 кг пилешко – батаци
  • 5 чешниња лук
  • сол
  • бибер
  • кари
  • масло
  • 1 лажица сок од лимон
  • рузмарин
  • лута пипер
  • ловоров лист
  • компир на скара за прилог

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото одвојте го од коски, малку исчукајте го и посолете. Во чинија издробете лук, додајте сок од лимон, сечкан рузмарин, додајте 2-3 парчиња ловоров лист, мелен бибер, масло, малку лута мелена пипер. 
  2. Сè добро измешајте и во секое парче месо протријте маринада. Оставете го месото покриено барем 2-3 часа. 
  3. Скарата малку пропрскајте ја со масло и наредете го месото и испечете. Компирите исечкајте ги на коцки и обварете ги, потоа исцедете ги, посолете, па додајте малку мелена пипер, мелен бибер, па пред крајот на печењето додајте и компир на скара и печете го со месото да ги поприми сите мириски.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо