Ручек за 30 минути: Пилешко со тиквици во кремаст сос

Ручек за 30 минути: Пилешко со тиквици во кремаст сос

Рецепт за вкусно јадење – ќе ви стане омилено!

Состојки:

  • 400 гр пилешки гради
  • 1 мала тиквица
  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 2 лажици сусам
  • 1 помала главица кромид
  • сол
  • зачин по желба

Начин

  1. Исечкајте го месото на коцки, па посипете со зачини и сол.
  2. Во тава ставете малку масло, пропржете кромид, а потоа додајте го месото.
  3. Намалете го огнот и оставете го месото да се пржи десетина минути, па додајте тиквица која пред тоа сте ја исечкале на коцки.
  4. Оставете да крчка уште десетина минути, сокот кој го испуштаат тиквиците треба да го омекне тестото.
  5. Во сад ставете павлака и сусам, измешајте, па додајте во тавата. Кога сите состојки ќе бидат во тавата, јадењето треба да крчка седум-осум минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text