Брз десерт за секоја пригода: Обланди со чоколадо и бисквити

Брз десерт за секоја пригода: Обланди со чоколадо и бисквити

Направете вкусни обланди со брз рецепт.

Состојки:

  • 1 пакување обланди
  • 1 пакување бисквити
  • 5 лажици рум
  • 2 дл. варено кафе

Крем:

  • 5 јајца
  • 50 гр. чоколадо
  • 200 гр. шеќер
  • 350 гр. маргарин

Подготовка:

  1. Се матат јајцата и шеќерот пенасто и се варат на пареа.
  2. Се додава чоколадо и се вари уште малку, се става и омекнатиот маргарин да се стопи.
  3. Се мати потоа оваа смеса со миксер и се соединува.
  4. Се премачкува на обландите од кремот и се ставаат бисквити горе потепени во вареното кафе со рум.
  5. Се премачкува пак крем и се става обланда горе.
  6. Се прави така додека има фил и обланди, а се декорира по избор.

 

Послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

 

singlepost_text