Брзи и неодоливи: Домашни кифлички од готови кори (Видео)

Брзи и неодоливи: Домашни кифлички од готови кори (Видео)

Ова е најбрзиот начин за подготовка на домашни кифли.

Состојки:

  • 1/2 кг готови кори
  • 200 гр сирење
  • 200 мл кисела вода
  • 1 јајце
  • сусам
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Корите пресечете ги со ножици да добијат малку округол облик. 
  2. Првата кора малку премачкајте ја со масло па ставете друга од горе и неа малку намастете ја со масло и пропрскајте со кисела вода, додајте трета и четврта. 
  3. Со ножици исечете по средина и потоа правете триаголници. 
  4. Сирењето издробете го и додајте едно јајце и изедначете. На секој триаголник ставете лажичка сирење, малку преклопете со последната внатрешна кора, а потоа свиткајте во кифла. 
  5. Редете во плех во кој сте ставиле хартија за печење. 
  6. Секоја кифличка премачкајте ја со масло и посипете со сусам. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 35-40 минути.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text