Мини гибаници – брзи пити со сирење

Мини гибаници – брзи пити со сирење

Направете брзи мини пити со квасец и сирење.

Состојки:

  • 1 пакување готови кори
  • 1 квасец
  • 2 шолји кисела вода
  • 1 шолја масло
  • 2 шолји брашно
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче вегета
  • 4 јајца
  • 500 гр. сирење
  • сусам за горе

 

Подготовка:

  1. Се матат 4 јајца во чинија со миксер.
  2. Се додава вода со масло и квасец како и зачините.
  3. Се меша да се стопи квасецот и се додава брашно постепено со сирење изронето.
  4. Се меша убаво да се сврзе се.
  5. Се двојат готовите кори и се зема една, па се премачкува со смесата.
  6. Се прави трака, а потоа ролат.
  7. Вака се прави со сите кори.
  8. Се редат вака на плех со масло и се става од горе неколку лажици фил и усам.
  9. Се пече на 200 степени 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text