Направете вкусен чоколаден ролат.
Состојки:
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 200 мл. слатка павлака
- 200 гр. бело чоколадо
- 1-2 лажици инстант кафе
- 150 гр. темно чоколадо за горе
- 4 лажици масло
Подготовка:
- Се матат убаво со миксер јајца со шеќерот, па се додава брашно постепено и се меша, но не со миксер, туку со жица или лажица.
- Се намастува плех за печење и се става малку брашно доле, па се става смесата и се пече додека не порумени на 180 степени.
- Потоа се вади тестото и се мота во влажна крпа.
- Се става во слатката павлака 1-2 лажици кафе и се варат, па се додава искршено бело чоколадо и се меша.
- Се лади и се мати со миксер потоа.
- Се премачкува ролатот со кремот и се витка, па се топи темното чоколадо со масло и се прелива колачот.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути