Погачи со павлака и кисело млеко – меки како душа

Погачи со павлака и кисело млеко – меки како душа

Направете вкусни погачи кои се меки како душа.

Состојки:

  • 400 гр. брашно
  • 20 гр. квасец
  • 1 јајце + белка
  • 1 жолчка за премачкување
  • 1 лажица павлака
  • 2 лажици кисело млеко
  • 100 мл. вода топла
  • 1 лажиче сол
  • 2 лажици масло
  • 1 лажиче шеќер

Подготовка:

  1. Се раствара квасецот во топла вода и се додава шеќер и 2-3 лажици брашно.
  2. Се меша и се остава да нарасне, па потоа ги ставаме сите состојки и правиме тесто, постепено додавајќи го брашното.
  3. Оставаме да нарасне тестото.
  4. Се премесува и се вадат погачици, се добиваат околу 10.
  5. Во плех со хартија се редат со растојание и се оставаат да нараснат кратко, па се покриваат со крпа и се премачкуваат со жолчка измешана со лажица масло.
  6. Се печат во рерна на 180 степени 40 минути.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

singlepost_text